Тарт со чоколадо, рикота и амарети
Состојки
- За тестото
- 400 гр. брашно
- 6 жолчки од јајца
- 180 гр. путер на собна температура
- 200 гр. шеќер
- 1 кесичка ванилен шеќер
- За филот
- 300 гр. рикота
- 100 гр. бисквити амарети
- 150 гр. шеќер
- 12 гр. желатин
- 50 гр. сецкано чоколадо
- 2 јајца
- 300 гр. слатка павлака
Подготовка
Подготовка на тестото.
Најпрво на работната површина со спатола за тесто изработете ги шеќерот и омекнатиот путер додека не станат мазен крем.
Потоа на работната површина од брашното формирајте фонтана, додадете ги кремот и остантите состојки и формирајте мазно тесто. Тестото оставете го да се лади во фрижидер пола час. Од изладеното тесто формирајте кора во дебелина од 2мм и префрлејте ја во претходно намастена тава за печење. Тестото избоцкајте го со вилушка и печете го во претходно загреана рерна на 170° додека зарумени или околу 15 минути.
Оставете го тартот да се лади, а во меѓувреме подгответе го филот.
Подготовка на филот.
Најпрво во сад ставете го желатинот со три лажици вода да набабури околу 10 минути.
Во сад за матење со миксер матете ги јајцата и шеќерот додека смесата не стане пенеста, потоа додадете ја рикотата која претходно ви била на собна температура некое време. Во сад на пареа растопете го желатинот и додадете го во садот за матење, матете со жица за матење додека смесата не стане хомогена. На крај додадете ги претходно разматената слатка павлака, сецканото чоколадо и мелените амарети и мешајте со спатола додека смесата не стане хомогена.
Филувајте го тартот со филот, декорирајте по желба и оставете го да се лади во фрижидер неколку часа.
Од дозава излегуваат два тарта.