Испечати

Битолски зелник со мелено месо и кромид

Битолски зелник со мелено месо и кромид

Состојки

  • околу 700 г брашно
  • околу 400 мл млака вода
  • 1 лажиче сол
  • прстофат сув квасец
  • 1 лажица оцет
  • 2-3 лажици масло
  • 100тина грама маргарин за премачкување на корите
  • Зајре
  • 2 големи главици кромид
  • 300 г мелено месо
  • половина лажичка црн бибер
  • сол или зачин по желба

Подготовка

На овој зелник ме научи мајка ми и не го менувам ни рецептот ни начинот на подготовка - најдобар е. Го имам пробано и со путер и со свинска маст и некакви миксови од маснотии, но најдобар е со маргарин колку и да не сакам да го користам.

Подготовка

Измешајте ги брашното, солта, квасецот и почнете да додавате вода постепено. Вклучете го миксерот со прикачени маталки за тесто. Миксирајте и додадете го оцетот, а водата по потреба. Кога тестото убаво ќе се измеша, замесете го со рака и видете ако е многу лепливо, додадете брашно. Кога ќе стане сосема малку лепливо, ставете си во дланката 1-2 лажици масло, премачкајте го и нежно домесете го. Лепливоста ќе ја снема. Секогаш имајте на ум дека подобро е помеко и полепливо тесто, отколку потврдо. Колку помеко тесто, толку подобар резултат.
Тестото е подготвено кога ќе се појават меурчиња при пресек со нож (мали шуплини).
Поделете го тестото на два дела, едниот дел нека биде малку поголем, тој ќе биде за долната кора.
Двете парчиња поделете ги на 6-7 дела и од секој дел направете топче.
Секое топче со помош на сукало раширете го во форма на диск со големина на чинија и премачкајте го со омекнат маргарин. Редете ги еден врз друг дисковите, а последниот диск не го премачкувајте со ништо.
Ставете го подготвеното тесто за едната кора во фрижидер и повторете ја постапката со вториот дел. Оставете ги да одморат во фрижидер и во меѓувреме подгответе го филот.
Запржете го исецканиот кромид, па додадете го меленото месо, испрежете го убаво и на крај додадете сол и бибер.
Извадете го првото тесто од фрижидерот и раширете кора со големина на плехот во кој ќе печете. Јас го користев Делимано коперлук икс икс ел горниот капак.
Ставете ја кората на подмачканиот плех, оставете ги краевите да висат.
Нанесете го филот рамномерно.
Повторете ја постапката со втората кора и ставете ја збрчкана одозгора.
Затворете ги рабовите со вртење во спирална форма.
Одозгора посипете малку масло, направете неколку дупки со помош на остар нож и ставете да се пече на 200 Ц степени околу половина час или додека не се испече убаво.
Покријте со кујнска крпа по печењето и оставете го да одмори неколку минути, а потоа послужете.