Испечати

Торта Гараш

Торта Гараш

Состојки

  • За пандишпаните
  • 9 белки од поголеми или 10 помали јајца
  • 200 гр. шеќер
  • 250 гр. ореви
  • 50 гр. брашно
  • прстофат сол
  • 1 ванила
  • Крем фил
  • 400 гр. црно чоколадо
  • 400 гр. Крем Фреш
  • 80 гр. шеќер
  • Глазура
  • 150 гр. црно чоколадо за готвење
  • 120 мл. слатка павлака
  • 2 лажици масло

Подготовка

- Пригответе си 4 модли бр.24, постелете ги со хартија за печење притоа сосема малку намрснувајки ја истата како и ѕидовите на модлата.
- Брашното и мелените ореви измешајте ги.
- Со миксер сматете ги пенасто белките додавајки прстофат сол, а потоа во неколку наврати додавајте од шеќерот постојано матејки без да го прекинувате додека се стопи шеќерот. Треба да добиете стабилен, но не тврд снег од белките. Исклучете го миксерот, сега додадете половина од брашното и оревите, внимателно промешајте со шпатула како не би излегол премногу воздухот, нема да добиете совршена мешавина и да не ве загрижува тоа нешто. Ви останува да додадете ванилата и останатиот дел од брашното и оревите. Разбркајте повторно внимателно да добиете хомогена смеса, но сепак воздушеста и лесна.
- Поделете ја смесата на 4 еднакви дела и ставајте во модлите, ставајте доколку е возможно 2 по 2 да печете во веќе претходно загреана рерна на 190 степени и печете ги до нивно добивање на розеникава нијанса одозгора, некаде 10-15 ин, но не повеќе од тоа. Не треба да ги препечете.
- Печени оставете да се оладат, а за тоа време пригответе го крем-филот.
КРЕМ ФИЛ
- На пареа растопете го чоколадото, тргнете на страна и оставете да се подолади.
- Со миксер разматете го добро оладенит Крем Фреш додавајки го шеќерот, матете се додека му се воочливо зголеми обемот и треба да е добиете густ и мек крем кој добро се одржува (не паѓа од перката). На ред е да го додадете подоладеното чоколадо и матете со миксерот до добивање на мазна чоколадна смеса.
Кремот е готов - поделете го на четири еднакви дела.
- На тацната на која ќе стои тортата ставете ја првата кора - фил, кора - фил - се така до завршување на сите кори. Намачкајте ја кората одозгора и од страната измазнете ја. Ставете ја во фрижидер да одстои малку, потоа извадете и со шпакла метална која ќе ја натопувате во врела вода слободно добро ја доизмазнете и формирајте. Ништо нема да му биде на крем филот. Вратете ја повторно во фрижидер да одстои 2-3 часа.
ГАНАШ
- Загрејте ја слатката павлака до фаза на зовирање, но да не дозволите да зоврие. Ставете во неа иситнетата чоколада и бркајте додека се стопи чоколадата и добете густ крем, потоа додадете го маслото - разбркајте.
- Извадете ја тортата од фрижидерот и најпрво на внатрешната страна со лажица ставете од ганашот дозволуввајки да тој се стечува по страните без разлика како ќе дојде. Потоа на средината истурете го останатиот ганаш, расклатувајте ја тортата во сите правци за да се распредели рамномерно самиот ганаш. Почекајте некое време и со конец обележете ги парчињата од 16 дела... Потоа ставете по работ грубо мелени ореви или фќстци... како ќе си одберете, а може и кокос..
Тортата е готова.
- Јас имам само 2 модли од 24 број и печев 2х2, а секако дека рерната и не собира 4 модли.
Тортата е создадена од слаткарот авструнгарец Коста Гараш, кој пристигнал во Русе во 1885 година, а бил инспираран од тортата Пишингер и ја создал тортата заради големиот интерес. Овој рецепт е запишан и во готварските книги Практичен водич за модерни слатка и дел од вегетиријанска кујна која била објавена во 1935 год. а подоцна веќе пренесен и во многу други книги за готвење составени од Слаткарски рецепти и продолжил да се пренесува , поради што и тортата го носи името на авторот.
- Јас ја сретнав во повеќе верзии кои се однесува само за филот, корите остануваат исти.
- Крем Фреш кој се користи во овој фил доколку не можете да го најдете во трговијата, можете да си го направите и во домашната работилница. Потребни се две денонокија ќе го напишам рецептот кога ќе го приготвам затоа што јас користев од трговијата. Овој крем дава посебеш шмек на кремот.
Се одлучив за оваа торта заради роденденот на моите близнаци.

Дечки мои - Среќен роденденот да ви е...

Не ја чекав многу за да ја фотографирам поради нетрпението на дечињата кои ми беа на гости, така да за финиширањето односно обележувањето на парчињата и поставувањето на посипот ми беше баш-баш се наеднаш и не се познаваат парчињата, а доколку го испочитував рецептот фактички тоа обележување на парчињата со конецот ја преставуваат и самата декорација.