Колач со јаболки - 4,3,2,1 (посно)
Состојки
- 4 поголеми јаболка
- 3 чаши брашно
- 2 чаши шеќер
- 1 чаша масло
- 2 лажички сода бикарбона
- 4 лажички цимет
- од 1/2 лимон сокот и рендана кора
- 1 до 2 раце грубо мелени ореви (а може и без нив)
Подготовка
Чашата е од 200 мл.
- Се рендаат јаболката на крупната страна од рендето.
- Се истиснува сокот од лимонот, кората се ренда
- Во подлабок сад ставете ја ренданата јаболка, кората од лимонот, додадете во неа прво брашното, потоа шеќерот, маслото, содата бикарбона врз која ќе го истурите сокот од лимонот за да истата се раствори и ќе забележите дека се запенува. Циметот, оревите, доколку се одлучите да ставите, со шпатула убаво измешајте ги. Модлата постелете ја со хартија за печење, истурете ја добиената смеса и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени. Проверете со чепкалка, кога е сува колачот е печен.
- Одозгора можете да ја посипете со шеќер во прав, да и направите глазура со чоколадо, или едноставно додека е топол колачот премачкајте со некој мармалад (кај мене од кајсии). Внимавајте да не ставите повеке бидејки ќе ви биде многу благо. Тој се топи и потребно е сосма малку за да се премачка за да се залепат оревите кога ќе посипете со нив одозгора.
- Печев 20 мин, на 200 степени и уште 10-тина минути на 180 степени, но секој знае како пече неговата рерна.
- Се одлучив за посип со ореви.