Испечати

Проја мафини со ајвар, сирење и урда

Проја мафини со ајвар, сирење и урда

Состојки

  • 4 јајца
  • 1/2 чаша масло
  • 2 чаши јогурт
  • 2 чаши пченкарно брашно
  • 1 чаша бело брашно
  • 1 пециво
  • 2 лажици урда
  • 2 лажици дробено сирење
  • ајвар по потреба
  • чаша = 200 мл

Подготовка

Подготовка

Во длабок сад изматете ги јајцата, па додадете ги останатите состојки (освен ајварот), па продолжете со матење за да добиете еднолична смеса.

Во намрсен калап за мафини ставајте прво по малку од смесата, па додадете по 1/2 кафена лажичка ајвар, па потоа дополнете со останатата смеса.

Печите на 200 степени околу 10 минути

Добар апетит