Испечати

Колачиња Цветчиња со мармалад

Колачиња Цветчиња со мармалад

Состојки

  • 180гр Маргарин (на собна температура)
  • 100гр Прав шеќер
  • 1 Ванила
  • 2 Белки
  • 300гр Брашно
  • 1 Пециво
  • малку Мармалад
  • 1м.л. Какао

Подготовка

Овие слатки колачиња се чест избор кога станува збор за семејни дружби, особено во есенскиот период.
Подготовката на овие превкусни колачиња кои се топат во уста е на следниот начин -

1. Најпрво ги матиме маргаринот, шеќерот, ванилата и белките.
2. Потоа го додаваме брашното во кое претходно сме го измешале пецивото, миксираме до хомогенизирање на смесата.
3. Добиената смеса ја ставаме во шприц со ѕвездест додаток (или додаток по ваш избор) и колачињата ги формираме врз хартија за печење.
4. Во еден дел додаваме какао, за да добиеме двобојни колачиња, на дел од нив им правиме вдлабнатина со прстот на средината и им ставаме мармалад.
5. Печеме во претходно загреана рерна на 180 степени околу 15-20 минути.

За крај уживајте во неодоливиот вкус на овие колачиња на кои единствена мана им е тоа што брзо ги снемува од трпезата.
Од оваа количина испаѓаат околу 40-на колачиња.