Шарена брза туна салата
Состојки
- марула неколку ливчиња
- половина конзерва црвен грав
- една кутија сецкана туна
- чипс такос/ патос со вкус на пиперка
Подготовка
Во моментите кога ви се јаде нешто лесно а може да се направи брзо, е токму оваа салата.
Најпрво ја миеме салатката, ја сецкаме на ситни парчиња, ја поставуваме во чинијата. Од горе ја ставаме туната, црвениот грав, и неколку парчиња чипс.
Ја посолуваме и попрскуваме со маслиново масло по вкус.