Маринирани лути пиперчиња
Состојки
- по ваш избор лути пиперчиња
- според потребата сол и оцет
Подготовка
Едноставна подготовка
- Исечете ги рачките на пиперчињата, ставете во сад и добро осолете ги. Оставете да стојат во солта 12 часа, а меѓувреме ставете си ракавица на раката доколку се мнооогу лути и мешајте ги во солта лесно стискајки ги. Сторете го тоа најмалку 3-4 пати додека се во солта. Тие ќе пуштат течност. Потоа повторно истискуваки ги само пиперчињата ставајте во друг сад.... и така истискани сега залејте ги со оцет и повторно нека одстојат 12 часа.
- Откако поминало целото ова време - ситскајте ги од оцетот и ставајте во тегла... залијте ги со масло, затворете и одложете кај останатата зимница.
Напомена
- Значи јас ги имав овие лути пиперлиња и решив нив така да ги приготвам што не значи дека не можете да приготвувате вака обични феферонки или везени пиперки со тоа што доколку се поголеми фефернонките - везените секако се големи, ќе мора да ги исечете онака како сакате вие да бидат по големина - понатаму постапката иста..