Рачели варени во маџун
Состојки
- 25 л. шира
- 2 кгр. тиква
Подготовка
Безвременска е подготовката на маџунот сам засебен и вака приготвени рачели или како што знам да кажам - Рецепт од времепловката...
- Ставете да се вари шира за маџун (значи пресечена со бела земја - ума, пепел или некаде во некои краеви со сода бикарбона) .
- Додека ширата се вари, исчистете ја тиквата и исечете големина и форма како сакате вие, ставете ја во варова вода да одстои најмалку 2 часа (зависи од јачината на самата варова вода).
- Кога ширата ќе ја преполови вкупната количина ставете во тенџерето измиената тиква, продолжете да варите се додека тиквата се свари и маџунот ја добие саканата густина,
- Покријте со влажна крпа и оставете да одстои преку ноќ. Доколку се разреди повторно ставете на оган само на кратко да се вари за да ја добие густината на мед.. полнете теглите и ви останува да уживате и да се пофалите каков убави рачели имате....
Од дете знам кога мајка ми вареше рачели во маџунот знаеше да стави и модар патлиџан, модра слива - грозје, исто така одстоени во варова вода, особено се секавам на прекрасниот вкус на модриот патлиџан.
Имав сосема малку грозје без семка, но не ми пречеше да го додадам да се вари во маџунот - колку е толку е, ама убаво е....