Испечати

Смути со јаболко, грозје, морков и лимон

Смути со јаболко, грозје, морков и лимон

Состојки

  • 1 јаболко
  • 1 лимон
  • 1 морков
  • 1 грозд бело грозје, Афусали

Подготовка

Прекрасна боја, вкус...на ова смути, е мојот денешен предлог

Ако јаболкото е домашно и непрскано не го лупете, само исечете го на 4 дела и одстранете ги семките.
Лимонот го лупиме, го сечиме на 4 дела и му ги одстрануваме семките.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме парчињата јаболко, лимон, зрната грозје и измиениот, исчистен и исецкан морков.
Соединуваме убаво.
По потреба и желба додаваме вода.
Промешуваме и сервираме во чаши.
На здравје.