Торта со лимон и боровинки
Состојки
- За тесто
- 6 белки
- 6 лажици шеќер
- 3 лажици брашно
- 3 лажици ореви
- 2 лажички пециво
- За фил
- 6 жолчки
- 600 мл млеко
- 3 лажици густин
- 3 лажици брашно
- 1 лимон
- 2 ванила
- 200 гр шеќер
- 300гр џем од боровинки
- 200 гр боровинки
- 300гр слатка павлака
Подготовка
За тесто
Белките изматете ги со шеќер на цврсто. Додајте мелени ореви, брашно и пециво.
Ставете во калап за торта. Печете во загреана рерна на 200 степени около 25 минути.
Тесто оставете да истине. Пресечете го на три кори.
За фил
300 мл млеко ставете да зоврие. Жолчките изматете ги со останатото млеко, додајте шеќер, брашно, густин и ванила. Оваа смеса истурете ја во зовриеното млеко и варете додека не загусне. Покријте со фолија и оставете да истине. Во истинатиот фил изрендајте кора од лимон.
Слатката павлака изматетеја и во неа додадете го истинатиот фил и заедно изматете.
Филување
Прво пандишпан, врз него ставете џем од боровинки, неколку цели боровинки и фил. Така филувајте ја цела торта.
Оставете ја тортата да се стегне во фриждер 3 часа.
Цела торта покријте со слатка павлака и украсете со лимон и боровинки!
Добар апетит!