Чоко бомбици со сусам и малини
Состојки
- 100 гр чоколада за готвење
- 1 кафена лажица путер
- 5 лажици мед
- 3 лажици сусам
- 3 лажици ситно сецкани ореви
- 3 лажици сецкани лешници
- 1 лажица овесни снегулки
- 4 лажици сецкани малини
- 100 гр чоколада за потопување на бомбиците
- 1 лажица масло
Подготовка
Подготовка
Во сад на тивок оган ставете ги чоколадата, путерот и медот да се растопат. Потоа, тргнете го садот од оган и додадете ги останатите состојки и промешајте.
Формирајте бомбици и валкајте ги во претходно растопеното чоколадо.
Одозгора декорирајте со лешници или ореви
Добар апетит