Испечати

Мачмелоу торта

Мачмелоу торта

Состојки

  • За пандишпан
  • 6 Жолчки
  • 150гр Шеќер
  • 5г.л. Вода (врела)
  • 1и1/2шол (за кафе) Млеко (млако)
  • 1 шол (за кафе) Зејтин
  • 1 Пециво
  • околу 300гр Брашно
  • За шам
  • 6 Белки
  • 18г.л. Шеќер

Подготовка

Оваа торта е често застапена кај нас, пред се затоа што состојките кои ни се потребни скоро во секое време ги имам дома.

Почнуваме со подготовката на пандишпанот -
-Ги матиме пенесто жолчките со постепено додавање на шеќерот, потоа ги додаваме течните состојки, а на крај пецивото и брашното, густината на смесата е како за класичен пандишпан.
Пандишпанот се пече на 180 степени (проверуваме со чепкалка)
-Во меѓувреме ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот...цврсто, како за кајмаци (целуфки)
Шамот го ставаме врз печениот пандишпан, враќаме во рерна уште 5 минутки колку да фати кора (или подолго колку да фати крем боја) - како сакате.
Одозгора не мора да ставате ништо, или по желба - кокос, стопено чоколадо, какао...
Забелешка - шољата што ја користев е од 200мл.
На здравје!