Брза вкусна проја
Состојки
- 1 чаша пченкарно брашно
- 1 обично бело брашно
- 1 кесичка прашак за пециво
- 1 чаша јогурт
- 3 јајца
- 200 гр сирење
- 1/2 чаша масло за готвење
- 1 кафена лажичка сол
Подготовка
Превкусна и брза проја која многу често ја правам и зависно што сакаат домашните или што имам во фридижерот тоа ставам ехех.
Да напоменам дека мерката за чашата е од 250 мл.
Ги матиме најпрво јајцата, солта, го додаваме јогуртот, брашната два вида, маслото, прашакот за пециво и се мешаме убаво со миксер. На крај го додаваме изренданото сирење и мешаме со лажица.
Смесата ја ставаме во набрашнета тава, од горе наросуваме со сусам.
Печеме околу 25-30 минути на 200 степени целзиусови.