Испечати

Топло Чоколадо

Топло Чоколадо

Состојки

  • 400мл Млеко
  • 3г.л. Какао
  • 3г.л. Шеќер
  • 1г.л. Густин (нишесте)
  • 100гр Чоколадо

Подготовка

Топлото чоколадо е омилен пијалок на многумина, го обожаваат и децата и возрасните, освен тоа е идеално за студените денови што ни престојат.

Подготовката е брза и лесна

1. Најпрво ги соединуваме сувите состојки во еден сад, мешаме да се соединат.
2. Потоа додаваме пола од млекото, мешаме убаво да нема грутки, прецедуваме преку цедалка во помало тенџерче каде ќе го правиме топлото чоколадо, со останатото млеко убаво се плакне садот со сувите состојки и тоа го додаваме преку цедалка во тенџерето.
3. Го додаваме и чоколадото искршено на коцки.
4. На средна температура со постојано мешање кратко го вариме топлото чоколадо, околу 2 минутки одкога ќе почне да врие...ако сакате погусто варете подолго или додадете повеќе густин.
5. Готовото топло чоколадо го префрламе во друг сад...кратко да остине (покријте го со стреч фолија да не ви фати кора, или ако ви фати кора потоа одстранете ја со лажичка) го ставаме во шољи и го послужуваме веднаш.
6. Декорираме со рендано бело чоколадо (или шлаг)

Овој рецепт е основен, кој секако може да претрпи промени според вашиот вкус и желба, односно можете да додадете цимет, ѓумбир во прав, екстракт од ванила и слично....додека за љубителите на белото чоколадо можете да си приготвите варијанта со додавање на бело чоколадо.
Во зависност од чоколадото кое ќе го употребите, количината на шеќерот зголемете ја или намалете ја (според ваш вкус) овојпат јас правев со чоколадо за готвење...кога користам млечно чоколадо намалувам на шеќерот.