Чизкејк со боровинки (без печење)
Состојки
- За основа
- 100 гр мелени орео колачиња без филот
- 40 гр стопен путер
- За пире од боровинки
- 100 гр боровинки
- 1 лажиче сок од лимон
- 30 гр шеќер
- За крем
- 250 гр крем сирење
- 85 гр шеќер во прав
- 120 гр цврст јогурт
- 1 лажица сок од лимон
- 1/2 рендана кора од лимон
- 200 мл слатка павлака
- 4 гр желатин
- 45 гр пире од боровинки
- Желе од боровинки
- пулпата од боровинките и остатокот од пирето боровинки
- 160 мл вода
- 60 гр шеќер
- 6 гр желатин
- 1 лажица сок од лимон
Подготовка
Можеби ќе звучи и изгледа малку сложено, но со добро расудување и организација не е толку тешко да се пригитви ова тортиче, кое на крај слатко ќе ве награди за вашиот труд. Кај мене потешкиот дел беше тоа што го сликав ноќе и што потоа од голем број на слики не знаев за која фронтална, па и споредни да се одлучам, па така мина доста време додека се решив да го поставам рецептот овде, а верувајте ми, сакав уште веднаш.
Основа
Одвојте ги орео колачињата од филот, измерете ја грамажата и сомелете ги, па измешајте ги со стопениот путер и натапкајте ги на дното на калап со отворање (кај мене број 16, а можи и помал, но никако поголем).
Пире од боровинки
Ставете ги сите состојки во мал огноотпорен сад на рингла со средна температура. Мешајте повремено додека пуштат вода боровинките, па кога ќе зовријат, малку намалете ја температурата и варете 5 минути на тивко.
Низ сито исцедете и испасирајте ги плодовите без некој голем труд.
Оставете ги во засебни садови пирето и пулпата.
Чиз крем
Ставете 1 кесичка желатин во 4-5 лажици вода да желира.
Откако ќе желира, ставете ја чашата во сад со жешка вода да ги покрива ѕидовите на здрвениот желатин за да се растопи.
Освен слатката павлака овде добро е се да се меша со шпатула. Јас сепак за позабушантски користев миксер со најмала брзина.
Измешајте го крем сирењето со шеќерот додека се раствори шеќерот во него.
Потоа вмешајте го цвртиот јогурт. Секако, можи да користите и кисело млеко.
На крај додадете ги кората и сокот од лимон.
Слатката павлака измиксирајте ја само колку да се згусни, не многу цврсто и измешајте ја во смесата.
Додадете помалку од половина желе и убаво измешајте.
Тргнете на страна 1/3 од кремот (околу 200 гр). Во останатиот вмешајте го пирето од боровинки, па оваа смеса истурете ја врз орео подлогата. Оставете во фрижидер додека го пригитвувате следниот слој.
А тој е, желе од боровинки
Пулпата и она што ќе остани од пирето заедно со водата се става на рингла и се остава да врие 1 минута.
Се трга од рингла и повторно се цеди низ сито убаво.
Во течноста се додава лимонот и останатиот желатин. Се меша убаво и се остава да олади со повремено мешање барем колку кога ставите прст да не му е жешко ако не можите подолго да чекате.
Смесата се истура врз кремот од боровинки и се враќа во фрижидер, а потоа за кратко се става во замрзнувач за побрзо да се стегни и да можи што поскоро да се стави следниот слој кој веќе чека.
Следниот слој и последн е оној кој го тргнавме на страна. Откако ќе се нанеси се враќа повторно тортата во фрижидер преку ноќ убаво да се стегни или ако ви се брза во замрзнувач.
Се вади од обрачот, се декорира и се сечи на посакуваните парчиња.