Испечати

Американски палачинки со хељда

Американски палачинки со хељда

Состојки

  • 2 јајца
  • 230 мл бадемово млеко
  • 130 гр хељда
  • 1 лажица мед
  • 1 лажичка пециво
  • 2 лажички екстракт од ванила
  • Прстофат сол малку масло

Подготовка

Рецептов го посветувам на нашата виртуелна пријателка Ива која не „затрупа„ со прекрасни хроно рецепти. Се надевам дека овој рецепт може да се вметне во хроно исхраната, иако јас не знам многу за неа, ама знам дека многу ми беа вкусни палачинкиве, па затоа ги споделувам со вас. Подготовка: Ги двоиме белките од жолчките. Ги матиме белките додека да им се зголеми волуменот и станат како снег. Жолчките ги матиме заедно со медот малку да се згуснат и побледат. Во жолчките го ставаме млекото, екстрактот, пецивото, солта и мелената хељда и ги соединуваме со миксер. На крајот со шпатула ги промешуваме белките во смесата од жолчки, лесно, за да ни стане воздушеста смесата. На намрсено тавче што не лепи, на рингла на 2 или 3 (ако е ринглата до 6) ставаме со лажица или истураме од смесата и ги печеме палачинките од двете страни. Ги дегустираме со стопено чоколадо со висок процент на какао или со друг намаз по желба.
Забелешка
Колку што разбрав читајќи за хроно исхраната мед не се употребува, затоа не го ставајте или заменете го со соодветен засладувач, ама тогаш структурата не знам дали ќе се врзе и каква ќе биде, ако јас пробам ќе ви кажам. Пробав да ги печам на повисока температура, убаво нараснуваат ама подгоруваат, па си играв со ринглата и утврдив дека ринглата треба да ни е некаде на 3. Тавчето во кое ќе ги печеме да биде тефлонско или со керамичка облога зошто со многу малку масло(само премачкано) многу убаво се печат и не се лепат. Првите две палачинки ми беа поголеми, со пречник од околу 12 см, ама потоа почнав да ги правам помали зошто поубаво ми се пржеа, а и поштосни излегуваа. За децава пред да ги правам овие палачинки им правев обични, ама иако се најадоа од обичните, сакаа да ги пробаат и овие и да ви кажам дека им се допаднаа. Хељдата ја мелев во Нутрибулет.