Ќофтиња со доматен и бешамел сос и модар патлиџан
Состојки
- Состојќи
- 500 гр мелено месо
- 1 јајце
- 1 мала главица кромид
- 1 модар патлиџан
- 250 гр кашкавал
- Бешамел сос
- 400 мл млеко
- 300 гр путер
- 2 лажици брашно
- 80 гр рендан пармезан
- Доматен сос
- 500 гр домати
- 1 гранче свеж босилок
- 1 лажичка сол
- 1 лажичка шеќер
- 2 лажици маслинов зајтин
- Потребно е уште сол,оригано
Подготовка
Рецептата ја најдов на една италијанска страна за рецепти и веднаш ја пробав
Најпрвин го миеме модриот патлиџан, го сечеме на коцки, го посолуваме и го оставаме малку да отстои. После кратко време го цедиме од течноста што ја пуштил и го запржуваме на зејтин.
Во меленото месо додаваме јајце, ситно исечен кромид, сол, црн пипер, малку оригано и правиме од смесата мали ќофтиња. Ги пржиме ќофтињата и ги оставаме на страна.
За бешамел сосот на оган ставаме путер и кога ќе се стопи додаваме 2 лажици брашно и мешаме постојано за да се запржи брашното,но да не потемни. Го полеваме со 400 милилитри млеко постојано мешајќи. Кога ќе почне да згуснува додаваме малку црн пипер и 80 грама рендан пармезан.
За доматниот сос доматите ги лупиме, ги сечеме на парчиња и во блендер ги блендираме заедно со босилокот. Оваа смеса ја ставаме на оган, додаваме по една лажичка сол и шеќер,2 лажици маслинов зејтин и оставаме малку да поврие.
Во една тава на дното додаваме неколку лажици од бешамел сосот, ги додаваме модрите патлиџани, го долеваме целиот бешамел сос. Ги редиме одозгора ќофтињата, полеваме со доматниот сос и одозгора додаваме 250грама рендан кашкавал.
Запекуваме околу половина час на 200 степени во рерна. Кој е љубител на италијанска кујна, рецептот ептен ,,ќе му легне,,.Може да се комбинира со тестенини,но и без никаков додаток сигурно ќе ви се допадне.