Мојот ајвар
Состојки
- 30 кг. пиперки за ајвар - ками
- 2-2,5 л. масло
- по вкус сол
Подготовка
Есенски подготовки за зима.
Го обожаваме кога е само од пиперки.
Начинот на кој јас го правам е следниов
Пиперките ги печам, лупам, им ги вадам дршките и семките. Ги ставам во мали чисти мрежени вреќиња преку ноќ да се цедат.
Утрото ги мелам.
Најпрво ги ставам само пиперките со сол на оган, па кога убаво ќе почни да крчка го додавам маслото, постепено на неколку пати, со постојано мешање на силен оган. Колку ќе прими масло, зависи од пиперките.
Готов е кога добие убава густина, стане мазен, кремаст како мајонез.
Го собирам жежок во жешки тегли.
Го завиткувам во старо ќебе и така го оставам да се излади.
На здравје!
п.с.Песок на ќумбето под тенџерето ставам за да не ми загори ајварот, значи како изолација.
Правењето на ајвар е најдобро кога сте во тим -)))).
Вкупното време на подготовка е околу 2 часа, мислам само на пржењето, 30 мин. додека убаво почни да крчка и уште 1,30 мин.кога се додава маслото.Сепак зависи од силата на огнот.