Испечати

Сникерс бомбици

Сникерс бомбици

Состојки

  • 120гр шеќер
  • 50мл млеко
  • 60гр путер
  • 50 гр темно чоколадо
  • 100гр мелени бисквити
  • 130гр грубо мелени тостирани, лупени кикиритки
  • За обложување
  • околу 100 гр тостирани, лупени кикиритки

Подготовка

Во мала касерола на многу тивок оган ги ставаме да се соединат путерот, млекото, шеќерот и чоколадото.
Од кога е изедначена смесата ги додаваме мелените бисквити и грубо мелените кикиритки.
Соединуваме убаво.
Ја оставаме смесата околу 15 минути да одстои во фрижидер, да биде подизладена малку.
Потоа формираме бомбици, кои ги валкаме во тостирани кикиритки.
Оставме 1 час да се стегнат и просушат, па послужуваме.