Ролат од палачинки полнет со крем сирење
Состојки
- Палачинки
- 2 лажици мелено ленено семе
- 1 лажица хималајска сол
- 4-5 лажици јачменово брашно
- 2 јајца
- 100 мл млеко
- Кисела вода по потреба
- Фил
- 30 гр путер
- 150 гр крем сирење
- 1 лажица чиа семе
- Сол, бибер, сецкан магдонос, сецкана црвена лута пиперка
Подготовка
Во еден сад се соединуваат со миксер или со жица за матење јајцата, солта, свежо меленото лененео семе, јачменовото брашно и млекото. Се остава смесата да одмори околу 20-30 минути. За тоа време таа ќе се згусне, па се додава кисела вода по потреба, значи да се добие смеса погодна за пржење палачинки. Од оваа доза ќе добиете 5-6 палачинки. Во еден сад се соединуваат сите состојки за филот, крем сирењето, путерот, чиата, магдоносот, пиперката. По сосптвен вкус може да се додаде некој зачин, или малку и кисела павлака, рендан кашкавал, печеница...тоа што имате дома. Врз секоја испржена и изладена палачинка ставаме по една лажица од филот, размачкуваме и виткаме ролат. Ги оставаме во фрижидер на 30 минути, па сечеме парчиња на косо и послужуваме.