Печена моцарела во доматно пире и димена сланина
Состојки
- 6 топки моцарела
- 300 гр. димена сланина
- 1 кромид
- 1 среден морков
- 500 мл. доматно пире
- по потреба сол
- по потреба црн пипер
- по потреба магданос
- 120 мл. ладно цедено маслиново масло
- 100 гр. рендан пармезан
Подготовка
Кромидот и морковот исецкајте ги на ситно и ставете ги на тивок оган со маслото да се пржат додека не омекнат. Потоа во тавата додајте ја на коцки димената сланина и пржете уште неколку минути додека не зарумени сланината, додајте го доматното пире, наросете со сол и црн пипер и оствете да покрчка уште десетина минути. Во тава за печење додајте ја смесата со доматното пире, наредете ги топките моцарела, наросете со пармезан и сецкан магданос и печете во загреана рерна на 220 степени 15 минути.