Модри сливи во рерна
Состојки
- по ваш избор модри сливи, јатки ореви и шеќер
- според потребата шеќер и цимет
Подготовка
- Измијте ги сливите, секоја расечете до половина - но не целосно, извадете ја семката и на местото од неа ставете јатки од ореви, обидете се да ги споите.
- Врз секоја слива ставете по една полна лажица шеќер, посипете и со цимет по ваш вкус, ставете во рерна на 180 степени да ги печете. Кога сокот кој го пуштаат е доволно густ - како за слатката... готово е, соберете во тегли.
НАПОМЕНА
Сливите треба да бидат нецелосно исечени до половина односно да се создаде можност за вадење на семката, па дали по должина или ширина тоа вие изберете. Следниот пат ќе ги сечам по ширината..... па да пробам и така. Многу сакам да изгледаат цели