Испечати

Мус торта со огледало глазура

Мус торта со огледало глазура

Состојки

  • За бисквитот
  • 90 гр. ситно мелени лупени бадеми
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 110 гр. белки од јајца
  • 27 гр. шеќер
  • Огледало глазура
  • 170 гр. вода
  • 165 гр. шеќер
  • 17 гр желатин
  • 85 гр. ладна вода за желатинот
  • 230 гр. гликозен сируп
  • 135 гр. кондензирано млеко
  • 30 гр. слатка павлака
  • 15 гр. кафеав путер
  • 225 гр. бело чоколадо
  • Мус од бело чоколадо
  • 200 гр. бело чоколадо
  • 350 гр. слатка павлака
  • Мус од горко чоколадо
  • 200 гр. горко чоколадо
  • 350 гр. слатка павлака
  • Срце од јагоди
  • 30 гр. шекер
  • 300 гр. јагоди

Подготовка

Подготовка на бисквитот
Рерната се загрева на 175 °. Белките и шеќерот матете ги со миксер додека смесата не стане пенеста. Ситно мелените лупени бадеми и шеќерот мешајте ги и поминете ги преку цедалка, додадете ги кај белките, а потоа полека со спатола се размешајте ја смесата. Во тава за печење обложена со хартија за печење пренесете ја смесата во дебелина од 2-3 мм. Печете 5-10 минути. Оставете да се лади.

Подготовка на срцето од јагоди
Исецкајте ги јагодите, испасирајте ги и прецадете ги со цедилка. Во тенџере на оган додајте ги прецедените јагоди и шеќерот варете ги додека не се растопи шеќерот. Изладената смеса ставете ја во калап и оставете ја да се лади во заледувач додекека не се заледи. Во моментот кога ќе се реди тортата треба да биде заледено.

Подготовка на мусот од бело и мусот од горко чоколадо
Сецканото белото чоколадо и слатката павлака ставете ги во тенџере на оган додека не се растопи чоколадото, тргнете ги од оган и оставете ги да се ладат на собна температура околу 20 минути, а потоа ставете ги во фрижидер на ладење околу еден саат. Откако ќе се излади смесата изматете ја со миксер додека смесата стане пенаста.
Истата процедура повторете ја и со горкото чоколадо.

Подготовка на огледало глазура
Додајте го желатинот во ладната водата за желатин да омекне 10 минути. Во тенџере на оган додадете ги водата и шеќерот и зовријте ги до 103° температура, Тргнете ги од оган и додајте го желатинот и размешајте ја смесата да се растопи желатинот. Потоа додадете ги кондезираното млеко, ситно сецканото чоколадо, кафеавиот путерот и слатката павлака, а на крај додадете ја и прехрамбената боја. Кафеавиот путер слободно можете да го замените со обичен путер.Размешајте ја глазурата и прецедете со цедалка неколку пати додека стане мазна.

Најдоле од тортата ставете го бисквитот, а потоа еден по еден мусовите, а измегу мусовите вметнете го заледеното срце од јагоди и ставете ја тортата да се лади во замрзнувач неколку часа, јас ја оставам преку цела нок. Изладената торта полијте ја со огледало глазурата. Ако глазурата ви е изладена ставете ја на пареа и стоплете ја до 40 степени и поминете ја повторно со цедалка. Исто ако ви остане глазура можете да ја држете во фрижидер и да ја топлите на пареа секој пат кога ке ви треба во рок од две недели. Декорирајте по желба.