Бисквити Ovis mollis
Состојки
- Тесто
- 300 гр. брашно
- 100 гр. нишесте
- 120 гр. шеќер во прав
- 250 гр. путер
- 4 тврдо варени жолчки
- 1 кеса ванилен шеќер
- крем Забаионе
- 1 лажица шеќер
- 1 жолчка од јајце
- 30 мл. марсала ликер
Подготовка
Моите омилени бисквити. Се топат во уста.
Сварете ги јајцата, треба да бидат тврдо варени. Оставете ги да изладат, ќе ви требат само жолчите. Поминете ги тврдо варените жолчки преку сито да добијат ситно мелена текстура.
Во садот кај жолчките додајте ги останатите состојки и замесете мазно тесто. Оставете го тестото да се лади во фрижидер пола саат.
На работната површина со помош на сукалка од тестото расукајте кора во дебелина од 5-7мм и со помош на калпи извадете форми по желба.
Се печат во загреана рерна на 170 степени додека не заруменат. Се служат ладни со мармалад или како преферирам со забаионе крем, кој се подготвува многу брзо.
Забаионе крем
Во сад на пареа се ставете ги жолчката и шеќерот и мешајте со жица за матење додека смесата стане густа, накрај додадете го марсала ликерот.
Наросете ги изладенете бисквити со шеќер во прав и послужете ги со кремот.