Испечати

Шери домати во масло и ароматични зачини

Шери домати во масло и ароматични зачини

Состојки

  • 1 кгр шери домати, по можност непрскани, домашни моите беа
  • 1лажиче ориигано
  • 2 гранчиња свеж рузмарин
  • 2 гранчиња свеж босилек
  • половина количина маслиново масло, половина количина сончогледово масло
  • сол и шеќер по потреба

Подготовка

Вкусно, декоративно, ароматично....прилог кон печено месо, кон тост лепче...
Не користев исклучително маслиново масло, од причина што тоа доминира и го засенува вкусот на самиот шери домат.
Количината не е наведена точно, одприлика е чаша од 250 мл.
Ќе ви треба онолку, колку што ќе биде потребно да ги покриете со масло.

Прво измиените шери домати ги сечиме на половина.
Внимателно им ги одстрануваме семките.
Така ги редиме во плех, во кој има поставено чиста кујнска крпа, значи ги редиме со сечениот дел надолу, за да се исцедат убаво..
Нека одстојат така 1 час.
Потоа во плех ставаме хартија за печење и сега ги редиме шерите, но издлабената страна да им е одозгора.
Ги попрскуваме со оригано, сол и по малку шеќер.
Плехот го ставаме во рерна која е вклучена на 100 степени.
Нека бидат во рерната околу 1 час и 30 минути, секој си ја знае својата рерна.
Мали теглички ги загреваме во рерната
Ги вадиме и одма додека се жешки тегличките, жешки шерите ги редиме.
На дното на теглчиката ставаме ливчиња рузмарин, свеж босилек и 2 лажици од соединетото масло.
Од самата топлина зачините ќе ги пуштат своите етерични масла.
Ставаме шери домати, пак зачини, масло, шери домати, зачини,, масло
Затвораме со капак.
Ги завиткуваме во чиста фротирска крпа и нека одстојат така преку ноќ
Послужуваме наредниот ден....