Бабина пита со фил од јаболка и ореви
Состојки
- тесто
- 350гр брашно
- 1/2 кесе пециво
- 120гр маст (или 150 гр маргарин, путер)
- 100гр шеќер
- 1 чаша од 180 гр кисела павлака(баба ми користеше домашно кисело млеко)
- 1 жолчка
- 3 лажици млеко
- за фил од овошје
- 1 кгр јаболка / цреши/вишни...
- шеќер по вкус
- 2 ванили
- 1лажиче гриз
- 3-4лажици мелен орев
- 1лажиче цимет
- кора од лимон
- малку масло
- шеќер во прав по потреба
Подготовка
Нашите баби знаеа како да направат совршен неделен десерт од ефтини состојки!
Ова е прекрасна, мека пита со овошен фил од јаболка и ореви
Пробајте ја.
Прво го подготвуваме филот, за да може да се излади.
Во касерола се става малку масло, па се додаваат ренданите јаболка да се пржат.
Шеќер се додава по вкус, во зависност колку се слатки јаболката, па ванила, цимет.
Од кога ќе испари водата од јаболката се додаваат гриз и мелени ореви.
Сега се подготвува тестото.
Во еден сад ги соединуваме брашното и прашокот за пециво, додадете шеќер, жолчка, павлака, маст и млеко и замесете мазно тесто.
Тестото поделете го на два еднакви дела
Исечете масна хартија 30x25cm и превртете ја кората на неа.
Ставете ја кората во подлабок плех.
Долната кора премачкајте ја со веќе подготвениот и изладен фил, израмнете ја и покријте ја со друга кора која е исто расукана со димензии на плехот и ставате ја врз филот.
Или можете тестото од втората кора, да го изрендате на ренде, грубо.
Печете на 180 ° C додека не порумени.
Оставете потоплно да се излади, потоа наросете ја со шеќер во прав, сечете штангли, коцки и сервирајте.
Уживајте и спомнете си на детството, на убавите спомени, со вашите најмили.