Баварски крем со јагоди и салса јогурт
Состојки
- Баварски крем
- 300 гр. јагоди
- 100 гр. шекер
- 12 гр. листови желатин
- 150 гр. неутрален јогурт или овошен од јагоди
- 250гр. слатка павлака
- салса
- 50гр. јогурт
- 2 лажички мед
- 1 лажичка сируп од мента
Подготовка
Јагодите се мијат, се сецкаат, се пасираат и се поминуваат преку сито. Може и да не се поминуваат преку сито, но мене не ми се допаѓа кај баварскиот крем да ги осеќам семките додека јадам.
Листовите желатин се поливаат со вода и се оставаат да омекнат десетина минути.
Во меѓувреме пола од смесата од прецедените јагоди заедно со шеќерот се ставаат во сад на оган додека се растопи шеќерот. Кога ќе се растопи шеќерот се трга од оган и се додава другата половина од смесата со јагоди и исцедените од вода листови желатин и се остава да се излади.
Слатката павлака се мати на пола за да биде помека и лесно да се размеша со изладената смеса од јагоди. Се меша деликатно и се сервира во чашки. Се остава да се лади во фрижидер 2 часа.
Состојките за салсата се мешаат со жица за матење и се служи заедно со баварскиот крем.