Испечати

Торта со урми и ореви

Торта со урми и ореви

Состојки

  • Прв пандишпан
  • 14 Белки
  • 11г.л. Шеќер
  • пола шол Урми (сецкани)
  • 100гр Ореви (мелени)
  • 2г.л. Брашно
  • 2г.л. Презла (лебни трошки)
  • 1м.л. Пециво
  • Втор пандишпан
  • 12 Белки
  • 12г.л. Шеќер
  • 8г.л. Ореви (мелени)
  • 8г.л. Презла (лебни трошки)
  • 2г.л. Брашно
  • 1 Пециво
  • 200гр Ореви (сецкани)
  • 300гр Еурокрем
  • Прв фил
  • 26 Жолчки
  • 23г.л. Шеќер
  • 400гр Чоколадо за готвење
  • 100мл Млеко
  • 2бр Маргарин (или путер)
  • Втор фил
  • 400+100мл Слатка павлака (хопла)
  • 200гр Чоколадо (од јагода)
  • За украсување
  • 500мл Слатка павлака
  • по желба Прехрамбена боја

Подготовка

Убава торта за убав повод.....11 години брак поминати во слога, љубов, хармонија, заедно со нашите 2 прекрасни дечиња. Тортата е направена како комбинација од повеќе рецепти, прилагодена на нашиот вкус.

Најпрво започнуваме со правење на пандишпаните

Пандишпан број 1
- Ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот, па ги додаваме останатите состојки претходно соединети, со цел урмите да се одлепат една од друга со препелкање во наведените состојки. Печеме на 180 степени - 30 минути.
Пандишпан број 2
- Ги матиме белките со постепено додавање на шеќерот, па ги додаваме останатите состојки, освен сецканите ореви и еурокремот. Во тавчето за печење ставаме хартија, па насекаде рамномерно ги ставаме сецканите ореви и врз нив ја истураме смесата за пандишпан. Печеме на 180 степени - 20 минути. Се превртува пандишпанот и на страната со ореви премачкуваме со еурокремот.
Фил број 1
- Ги матиме на пареа жолчките со шеќерот во поголем сад (бидејки се многу, или на 2 пати). На страна го топиме чоколадото со млекото и го додаваме во претходно згуснатите жолчки. Соединуваме убаво, покриваме со стреч фолија и го оставаме да се излади, потоа соединуваме со претходно изматениот маргарин (путер)
Фил број 2
- Ги ставаме на тивко слатката павлака (400мл) и чоколадото додека да се стопи без да зоврие. Тргаме на страна, го ладиме, потоа миксираме и соединуваме со останатите 100мл изматена слатка павлака.

Забелешка - Од испечените 2 пандишпана, кои се сечат на пола добиваме 4 реда, па филуваме врз секој ред пандишпан прво фил број 2, па фил број 1, јас овојпат пандишпаните ги пресеков како на додатната слика за да добијам поголема торта, и на тој начин имав 3 реда пандишпан....која воопшто не е ниска и слободно можете на тој начин да ја приготвите. Декорираме со изматена слатка павлака со додавање на прехрамбени бои.