Испечати

Витаминска Бомба за Имунитет

Витаминска Бомба за Имунитет

Состојки

  • 1 тегла Мед
  • 50гр Ореви (мелени)
  • 50гр Лешници (мелени)
  • 50гр Суво грозје
  • 50гр Брусница
  • 50гр Урми
  • 50гр Сончоглед
  • 50гр Бадеми, индиски ореви, кикирики - микс
  • 100гр Таан

Подготовка

Сезоната на настинки и вируси полека ни се приближува, па затоа сега е идеално време да се заштитите себеси и своето семејство на природен начин и да си го зајакнете имунитетот. Силниот имунитет значи отпорност на организмот кон различни болести, па со самото тоа и добро здравје. Секако, во аптеките секојдневно се продаваат се повеќе разноврсни препарати за јакнење на имунитетот, но според мене многу е побитно на природен начин да се постигне тоа. Со „теглата полна со витамини„ не само што ќе си ја задоволите вашата и потребата на вашите деца за слатки, туку истовремено ќе го зајакнете имунитетот на вашето семејство.

Подготовката е брза и лесна

Најпрво се приготвуваат јаткастите плодови, прво кратко ги потпекуваме на 100 степени, па ги мелеме со помош на Делимано рачната мелница ( на појадро или поситно - по желба), потоа ги соединуваме со сувите овошја, кои ги сецкаме на поситни парчиња. Добиената количина ја делиме на 2 дела...за 2 тегли, додаваме по пола од таанот и по пола тегла мед. Соединуваме убаво со мешање на состојките. Теглото се чува на собна температура.....најбитно и најдобро е да земете 1 лажица (за деца 1 мала лажичка) на сабајле - пред појадокот, а во текот на денот може слободно да се послужите со уште 1-2 лажици.

Забелешка - мелењето, односно сецкањето на состојките е од битно значење, бидејки на тој начин се апсорбираат повеќе хранливите вредности на самите состојки. Можете наместо таан да ставите сусам, но сепак далеку подобро е да користите таан, бидејки на тој начин е подобра апсорпцијата на сите хранливи вредности кои ги содржи сусамовото семе. Изборот на сувите овошја (и на јаткастите плодови) може да се прилагоди по желба - можете да ставите суви смокви, кајсии, семки од тиква....ова е начинот на кој јас секоја есен ја припремам оваа витаминска бомба.
Од оваа количина добивате 2 тегли полни со витамини.