Крекери со ржано брашно, лен и чиа
Состојки
- 100гр интегрално пченично брашно
- 200гр ржано брашно
- 80гр овесни снегулки
- 150гр путер
- 1лажиче сол
- 2лажици лен
- 1лажиче чиа семки
- На врвот на ножот пециво
- ладна вода по потреба
Подготовка
Измешајте ги сите суви состојки во поголем сад.
Исечете го изладениот путер и истријте го во смесата.
Додадете ладна вода.
Замесете го тестото и формирајте топка.
Завиткајте го тестото во фолија и оставете го во фрижидер да се излади 1 час.
Загрејте ја рерната на 190 °.
Изладеното тесто развлечете го до дебелина од 3 мм и исечете ги крекерите со модли по ваш избор. Наредете ги на хартија за печење на плех и печете во загреана релна , околу 15 минути.
Изладени соберете ги во лимени кутии.
Можат многу долго време така да стојат.
Од оваа доза излегуваат 2 големи плеха.