Испечати

Доматен сос со босилек

Доматен сос со босилек

Состојки

  • 5 кг црвени домати
  • 100 мл масло
  • 1 рака ливчиња босилек
  • 1,5 лажица хималајска сол
  • 1 лажица шеќер
  • 1 лажица јаболков оцет
  • 4 везени лути пиперки
  • 1/2 лажиче мелен шарен бибер

Подготовка

Измиените домати прво ги лупиме, па ги сечеме на поситни парчиња. Ги ставаме во лонец во кој ќе подготвуваме. Оставаме да се вари. После 20 минути, цела смеса ја поминуваме со стапчест миксер. Сега ги додаваме јаболковиот оцет, шеќерот, солта, лутите сецкани пиперки, биберот, маслото, сецканиот босилек. Оставаме да се вари на тивко, околу 1 час со повремено промешување. Повторно смесата ја поминуваме со стапчест миксер. Вариме до посакуваната густина, односно се додека количината не се преполови. Добиениот доматен сос го собираме во чисти тегли, кои претходно сме ги ставиле во загреана рерна. Ги завиткуваме во кебе и ги оставаме потполно да се оладат. Ги редиме на рафт со зимница. Одличен доматен сос, за пици, италијански пасти, сосови... По желба може да се додаде лук, рузмарин, ловоров лист...