Фантастичен десерт со цреши
Состојки
- Црна кора
- 4 јајца
- 4 лажици шеќер
- 4 лажици брашно
- 4 лажици врела вода
- 2 лажички како
- 2 лажици масло
- 1 лажичка прашок за пециво
- Светла кора
- 6 белки
- 160 гр шеќер
- 160 гр брашно
- 150 гр мелени ореви
- 250 гр исчистени цреши
- Фил
- 6 жолчки
- 4 лажици шеќер
- 1 пудинг од ванила
- 160 гр путер
- 400 мл млеко
- 1 ванилин шеќер
- Глазура ганаж
- 100 гр црно чоколадо
- 100 мл слатка павлака
Подготовка
Прво ја подготвуваме темната кора. Во вангличка ги ставаме јајцата и шеќерот и матиме да побелат. Потоа ја додаваме врелата вода и маслото. Го исклучуваме миксерот и со лесни движења ги додаваме соединетите брашно, пециво, какао. Ја истураме смесата во ростер тава и печеме околу 20 минути. Но сепак проверуваме со чепкалка, дали е готова. Додека се пече таа кора го подготвуваме жолтиот крем. Во касерола го налеваме млекото, го додаваме шеќерот,пудингот, ванилата и жолчките. Сето многу кратко го соединуваме со жица или миксер на најмала брзина, бидејќи ќе прска. Го ставаме на оган и вариме до згуснување. Го тргаме од оган и го додаваме путерот. Мешаме енергично да се соединат. Сега го подготвуваме белото тесто. Во вангличка ги ставаме белките, матиме, постепено додаваме шеќер. Со исклучен миксер ги додаваме оревите и брашното. Оваа смеса ја распоредуваме во тава со големина како што печевме и црна кора. Израмнуваме и врз неа редиме половинки исчистени цреши. Печеме околу 15 минути. Испечена ја оставаме малку да се излади. Сега на дното на даска за колачи, или на послужавник ја ставаме црната кора, врз неа скоро изладениот жолт крем и убаво израмнуваме. Ја поставуваме белата кора со цреши, со тоа што црешите да дојдат врз филот( значи наопаку ја поставуваме) а горе ќе биде рамниот дел на беллата кора. Нежно притискаме. Во една касерола ја налеваме слатката павлка и ја загреваме на умерен оган. Го додаваме искршеното чоколадо, промешуваме и ја истураме врз колачот. Оставаме малку да се стегне и излади, па сечеме парчиња и послужуваме. Кај мене ја снема после 2 часа од подготовката, дојдоа гости, и не успеав ни да ја декорирам, хахахха. Но доби одлични коментари.