Гратинирани палачинки со пилешко месо
Состојки
- 400 гр пилешки гради
- 100 гр сецкан кашкавал
- 1 рака сецкан магдонос
- 1 главица кромид
- 2 лажици ладно цедено сончогледово масло
- Маринада
- 1 лажица сок од лимон
- Бибер по вкус
- 1 лажица соја сос
- Зачини по избор
- Прелив
- 1 јајце
- 1/2 лажичка морско оревче
- 50 гр рендана гауда
- 60 мл млеко
- 100 гр кисела павлака
- Палачинки
- 2 јајца
- 200 мл млеко
- 200 мл кисела вода
- Малку сол
- Брашно по потреба
Подготовка
Палачинките се пржат на вообичаен начин. Сега се зема пилешкото месо, се сече на коцки, се маринира со соја сос,лимон, бибер, зачин. Нека одстои 30 минути, или се додека ги пржиме палачинките. Сега во тава се става масло, сецкан кромид, и маринираното месо. Се пржи се додека не испари течноста. На крај се ставаат сецкан магдонос и ситно сецкан кашкавал. На секоја палачинка ставаме по една полна лажица од филот, завиткуваме како сарма и ги редиме во огноотпорен сад. Во еден сад ги соединуваме јајцето, морското оревче, киселата павлака, млекото, кашкавалот. Со оваа смеса ги потураме завитканите палачинки и ги запекуваме во релна на 200 с околу 15 минути. Сервираме со сезонска салата.