Грчка слатка пита
Состојки
- 6 листови готови танки кори
- 4 јајца
- 1 кг млеко
- 200 гр гриз
- 250 гр шеќер
- 120 гр путер
- 2 ванилин шеќер
- Малку кора од лимон
Подготовка
Дното на тавата се премачкува со растопен путер. Се редат три кори, една врз друга, а притоа со четка се премачкуваат со растопениот путер. Во еден сад со жица се матат соединетите јајца, шеќерот, ванилата, кората од лимон. Во касерола на оган се става млекото да се загрева, па се додаваат гризот и јајцата. Се вари на многу тивок оган со постојано мешање. Кога е веќе згуснат кремот, топол се истура во тавата врз корите.Убаво се израмнува. Ги стававаме останатите три кори, кои ги премачкуваме со растопениот путер. Ја премачкуваме и горната кора малку и ја ставаме питата во загреана рерна на 190, да се потпече околу 25 -30 минути, односно да добие златна боја. Ја оставаме убаво да се излади, ја наросуваме со шеќер во прав, по желба и цимет, ја сечеме на коцки и ја послужуваме.