Испечати

Рафаело Бомбици

Рафаело Бомбици

Состојки

  • 2 шољи Шеќер
  • пола шоља Вода
  • 1 Ванила
  • пола (125гр) Маргарин
  • 400гр Млеко во прав
  • 2 пакетчиња Кокос
  • плус 100гр Кокос за валкање на бомбиците
  • околу 90 Лешници (за внатре)

Подготовка

Мали, вкусни бомбици...одличен избор кој служи за секоја прилика.

Најпрво во еден сад на тивок оган ги ставаме водата, шеќерот и ванилата да се стопат, па го додаваме маргаринот. Смесата ја тргаме на страна малку да олади, па го додаваме млекото во прав и кокосот. Мешаме додека се добро да се соедини, малку да олади и формираме бомбици. Во средината на секоја бомбица ставаме по еден лешник (претходно испечен и излупен). На крај убаво ги валкаме во чинија со кокос.

За крај уживајте во овој вкусен десерт од кој испаѓаат дури околу 90 бомбици. Секогаш кога ги правам за некој повод, остатокот си го замрзнувам, па така во секое време си имам од нив.
Забелешка - Оригиналниот вкус на овие бомбици е со лешници, но доколку немате лешници, можете како замена за нив да употребите чоколадни топчиња, или пак и ништо да не ставите нема да згрешите...превкусни се секако.