Стапчиња со кашкавал и маслинки
Состојки
- 500гр брашно
- 1 лажиче Сув оквасец
- 1 јајце
- 200 мл јогурт
- 2 лажици зејтин
- 150 гр кашкавал
- 100 гр маслинки
- 1 лажиче сол
Подготовка
Во брашното додајте го јајцето, сол, квасец, јогурт и замесете тесто. Оставете го тестото на топло место да стаса.
Стасано тесто раасукајте го, на половина од тесто изрендајте кашкавал и ставете маслинки ситно сечени. Покријте со другиот дел од тесто. Кора рассукајте малку. Сечете на стапчиња. Стапчињата свиткајте ги.
Редете ги стапчињата во тава. Оставете 10 минути да постојат.
Печете во загреана рерна на 200 степени околу 25 минути.
Добар апетит!