Испечати

Селско јавниче, со домашно петле или коковче

Селско јавниче, со домашно петле или коковче

Состојки

  • 1 домашно петле или коковче
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 црвен домат
  • 3 лути пиперки
  • 4 компири
  • 1 лажица црвен пипер
  • 1/2 лажичка бибер
  • 2 кг вода
  • Сол зачини
  • Масло по потреба

Подготовка

Прво исчистеното и исечено домашно петле го вариме во вода во која има додадено сол. На загреано масло во касерола ги пропржуваме сецканиот морков и кромид. Ги додаваме сецканите пиперки и излупениот, сецкан домат. Пржиме се додека не испари течноста од зеленчукот. На кратко го тргаме садот од оган, додаваме црвен пипер и промешуваме. Сега налеваме од течноста каде се вареше петлето и ги додаваме парчињата месо. Ги додаваме излупените и сецканите компири. Вариме околу 30 минути на тивок оган, односно се додека не се свари компирот. На крај по желба додаваме запршка од малку масло и 1 лажиче брашно. Сервираме и наросуваме сецкан свеж магдонос. Баба ми овој вкусен ручек го викаше Селско јавниче..... највероватно тоа име го добил, бидејќи исклучиво користеше домашно петле или коковче, кое го набавуваше од околните села.