Маринирани пиперки и модар патлиџан
Состојки
- вкупно 3 кгр. исчистени од семето пиперките и модриот патлиџан
- 1 чаша од 200 мл. шекер
- 1 чаша од 250 мл. алкохолен оцет
- 1 чаша масло
- 3 рамно полни лажици сол
- по една ракатка целерови листови и магдонос
- по ваша оцена зимнбибер во зрна
- 2 главици лук
Подготовка
Веднаш да кажам дека вкупната количина на пиперот и модриот патлиџан треба да е 3 кгр. па вие сами прилагодете си дали пола - пола, дали ќе ставите повеќе пипер или модар патлиџан - важно да е 3 кгр. Пиперот ќе го мерите откако сте го исчистиле од семето.
- Исчистените пиперки исечете на поедри коцки. Тргнете ги на страна засебно.
- Исечете го и модриот патлиџан, тргнете на страна исто така засебно.
- Ставете да проврие маринадата и тоа во тенџете ставете ги шеќерот, солта, маслото и оцетот, додадете го биберот и целеровите листови. Ставете да проврие, почнете да додавате прво од пиперките да се обарат и тоа кратко. Кога лесно ќе ја промени бојата тргнете. Јас ги ставам во неколку наврати. Извадете на страна. Потоа маринирајте го модриот патлиџан. Кога е готов извадете и со пиперот измешајте.
- Магдоносот исецкајте, додадете во него сецканиот лук.
Малку нека олади, ставајте во теглите, налегнувајте малку и при самото ставање во теглата ставајте и од магдоност и лукот, додадете во секоја тегла од онаа маринада која останала и е сосема малку...да не ве збуни тоа.
- Пастеризирајте ги мерејки го времето од 10 мин. откако водата почнала да врие, односно толку колку што е потребно да се затворат капачките. (сепак нели зависи времето и на колку јак или тивок оган се пастеризираат.
Кој го сакате ловоровиот лист, слободно ставете кај маринадата заедно со останатите состојки.