Посни бомбици со газиран сок

Состојки
- 100 гр посни бисквити
- 100 гр мелени ореви
- 80 гр шеќер во прав
- 50 гр растопено црно чоколадо
- 80 мл газиран сок од портокал
- За валкање
- Чоколадни трошки или мелен орев
Подготовка
Во вангличка се ставаат бисквитите, оревите, шеќерот. Се промешува со лажица и постепено се додава газираниот сок и растопеното чоколадо. Се замесува со рака.Се остава смесата 20 минути да одстои. Се формираат бомбици и се валкаат во чоколадни мрвици. Се сервираат во хартиени корпи.