Чоко-лешник крем во чаша
Состојки
- 80 гр чоколадо со лешник
- 30 гр црно чоколадо
- 50 гр црн еурокрем
- 120 мл млеко
- 100 мл слатка павлака
- 2 жолчки
- 1 лажица шеќер
- 1 ванилин шеќер
- 2 лажици густин
- За декорација
- Слатка павлака овошје по желба ...
Подготовка
Во еден сад ги соединуваме шеќерот, млекото, густинот, жолчките и павлаката. Мешаме убаво и додаваме ванила. Вариме на многу тивок оган до згуснување. Тргаме од оган и ги додаваме еурокремот, млечното чоколадо со лешници, темното чоколадо. Кратко со миксер мешаме да се соединат. Одма добиениот крем го распоредуваме во чаши за десерт. Може да се покрие со провидна фолија, за да не фати коричка, но да се излади.
Сега ја матиме слатката павлака, декорираме и ставаме овошје по желба.