Испечати

Погача Цвет

Погача Цвет

Состојки

  • 600гр Брашно
  • 200мл Млеко (млако)
  • пола коцка Квасец
  • 2 Јајца (жолчките за премачкување)
  • 2г.л. Кисело млеко
  • 2г.л. Зејтин
  • 1г.л. Сол
  • 1м.л. Шеќер
  • околу 150гр Маргарин (за премачкување)
  • по потреба Сусам, ленено семе

Подготовка

Декоративна и многу вкусна. Одлична е да ја приготвите за некоја свечена прилика, да ја поставите на вашата софра и да ги изненадите пријателите и роднините со феноменалниот вкус и мирисното меко тесто на оваа погача.

Подготовката е на следниот начин

1. Квасецот ставете го во садот за месење и додадете 100мл млако млеко, 1м.л. шеќер и 1г.л. брашно. Измешајте добро и оставете 10-на минути за да нарасне квасецот.
2. Потоа во истиот сад додадете ги останатите состојки и замесете средно меко тесто.
3. Покријте го садот со стреч фолија, па завиткајте го со некое чаршафче и оставете го на топло место околу 30-на минути да стаса тестото.
4. Поделете го тестото на 5 дела, од кои 4 исти, а 5-то малку помало ( за декорацијата во средина ).
5. Четирите исти топчиња ги рассукуваме во големина на калапот каде што ќе печеме, и ги премачкуваме со маргарин само 3-те...потоа ги засекуваме на 8 делови и формираме облик како на дополнителната слика, па ги превртуваме нагоре врз витката.
6. Во средината се прави декорацијата од 5-от дел... плетенка како на сликата, и во средината едно цветче, што се прави како крофните-цвет (слика во коментар)
7. Оставаме да стаса погачата, па потоа ја премачкуваме со жолчките, ставаме сусам и ленено семе и маргарин насекаде по малку.
8. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 40-на минути.

Забелешка - Тавата во која печев е број 26.