Чоколадни кошнички со лешници и путер
Состојки
- За тесто
- 170 гр брашно
- 100 гр путер
- 1 лажица шеќер
- 1 лажичка просеано какао
- 1/3 лажиче прашок за пециво
- 1 жолчка
- 1 ванилин шеќер
- 1-2 лажици вода или млеко за замесување
- За фил 1
- 150 мл млеко
- 1 лажица густин
- 6-7 лешник карамели
- 1 лажица шеќер
- 40 гр путер
- За фил 2
- 200 мл слатка павлака
- 180 гр црно чоколадо
- 20 гр путер
- За декорација
- 60 гр крупно мелен лешник
Подготовка
Прво во една вангличка ги ставаме сите состојки за тесто. Со прстите прво правиме трошки, а потоа набрзина го замесуваме. Треба да добиеме мазно, нелепливо тесто. Го завиткуваме во прозирна фолија. Го оставаме во фрижидер околу 20 минути да одстои. Потоа расучуваме танка кора, вадиме округли форми од 10-12. Ги нанесуваме во ненамастени калапи, и на 1-2 места ги боцкаме со вилушка, со цел да не се кренат во печењето. Ги печиме околу 15 минути во загреана релна на 190 с. Испечени ги оставаме да се оладат. Додека се ладат го подготвуваме 1 крем. Во касерола ги ставме карамелите, половина количина на млеко, шеќерот. Со постојано мешање оставаме да се растопат. Во остатокот од млекото го раствораме густинот и го додаваме кај карамелите. Вариме до згуснување. Тргаме од оган и додека е топол кремот, го додаваме путерот и мешаме енергично, за да ја изедначиме смесата. Со млакиот крем ги полниме кошничките на дното( ставаме по едно лажиче). Сега во една касерола ја налеваме слатката павлака да се загрее. Тргаме од оган и ја ставаме кршената чоколада и путерот. Мешаме до изедначување. За 3-4 минути веќе малку ганашот е подизладен, но е се уште во течна состојба. Со него ги полниме кошничките, одприлика по една полна супена лажица. Ги декорираме со лешници. Оставаме барем еден час да се стегнат, па ги послужуваме.