Летна шарена прженица
Состојки
- 2 главици кромид
- 1 зелена и една црвена пиперка
- 1 тиквичка
- 1 модар патлиџан
- 3-4 чешниња лук
- 1 домат
- 40-50мл масло
- по потреба магдонос
Подготовка
Нема овде точни количини на состојките затоа што секој може да си стави нешто кое повеќе му се допаѓа за сметка на одредена состојка која не ја сака или пак ќе намали количински од истата. Нешто што повеќе ставам тоа е кромидот затоа тој го прави целиот специфичен вкус на оваа шарена прженица.
- Исчистениот кромид исечете го на поголеми парчиња и ставете го на загреано масло да се пржи притоа додавајки му 1/2 лажичка сол. Бркајте постојано за да не загори. (На 2 поголеми глави кромид ставете околу 40-50 мл. масло)
- Кога кромидот е готов додадете ги исецканите пиперки, тиквичките и модриот патлиџан и 3-4 чешниња лук. Поклопете го садот во кој пржите со капак и пржете на сосема тивок оган ( на многу тивок оган околу 20 мин.) Отклопете и додадете го излупениот и ситно сецкан домат. Поклопете и нека продолжи да се пржи на тивкиот оган. Повремено се разбира дека ќе пробркувате, а се тоа така додека остане на масло. Досолете по ваш вкус.
- Тргнете од огнот, оставете да олади, обилно посипете со магданос и можете да се служите.
На мене ми е најдобра оваа прженица кога ке е сосема оладена, со домашен мек леб или погачка... милина ни е...