Испечати

Пикантна пица со кулен и ајвар

Пикантна пица со кулен и ајвар

Состојки

  • За тесто
  • 600 гр брашно
  • 1 сув квасец
  • 3 лажици масло
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажички шеќер
  • 400 мл млака вода
  • За фил
  • неколку лажици ајвар
  • 100-200 гр кулен
  • 100-200 гр шунка
  • 1-2 црвени пиперки
  • 1 лута пиперка
  • 100-200 гр свежи печурки шампињони
  • 300 гр кашкавал
  • 1 лажица оригано

Подготовка

Се замесува тестото, се меси 10-на минути и се остава да стаса. Се вклучува рерната на највисока температура веднаш штом ќе стаса тестото, за да добро ни се загрее. Откако ќе стаса земаме парче од тестото и нежно го развлекуваме во круг. Може со втиснување на прстите и дланките, ама нежно за да не го истиснеме сосема воздухот формиран при стасување. Секој круг го ставаме на набрашнето тавче.

Ја мачкаме со ајвар, редиме тенко насечкани шунка, кулен, печурки, пиперки и на крајот обилно рендаме врз неа кашкавал. Задолжително посипуваме со оригано.
Печеме во добро загреана рерна на најдолна решетка...

Забелешка
Доколку имате време најдобро е два пати да го стасате тестото. Големината на пицата ја формирате по ваша желба и големина на тавите во кои ќе печете.
Користев кулен во форма на мали стапчиња. Користените состојки се одокативно предложени...