Прилепско расолно со свинско месо
Состојки
- 800 гр свинско месо
- 1,5 кг зелка
- 1 лажичка лимонтус
- 2 црвени домати
- 1 лута сушена пиперка
- 100-130 гр масло
- 1 лажица црвен пипер
- 400 мл вода
- Сол бибер, зачини по вкус
Подготовка
Нема поедноставен и полесен рецепт за свинско месо со зелка. Вкусно, малку кисело, малку зачинето. Прво, пржете го свинското месо во загреаното масло (убаво е да имате повеќе), така што ќе ја смени бојата од двете страни. Исечкајте ја зелката на поголеми парчиња. Во тенџере ставете половина месо, домати, половина зелка, зачини по вкус, повторно месо, зелка, домати, зачини. Одозгора ставете црвен пипер и сецкан лут сушен пипер. Растворете 1 лажичка лимонтус во 400 мл топла вода, ставете во тенџере и вријте на тивок оган околу 3 часа. За време на готвењето, доволно е да се промеша само еднаш или двапати.