Испечати

Американска пита со јаболка

Американска пита со јаболка

Состојки

  • За тестото
  • 250гр Маргарин
  • 200гр Шеќер
  • 1 Пециво
  • 1 Јајце
  • 500гр Брашно
  • рендана кора од лимон
  • За фил
  • 700гр Јаболка
  • 1 Ванила
  • по потреба Шеќер
  • по вкус Цимет

Подготовка

Преубава пита со јаболка по рецепт од братучетка ми која е во Америка, по прв пат ја правам, ама не и последен...превкусна е, се топи во уста.

Подготовка

1. Најпрво почнуваме со подготовка на филот - ги миеме, лупиме, рендаме, па пржиме јаболката се додека да испари течноста што ќе ја пуштат. Додаваме шеќер (неколку лажици во зависност од блажината на јаболката) и цимет.
2. Потоа го замесуваме тестото од сите наведени состојки и го делиме на 2 дела, од кои 2/3 за долниот дел и 1/3 за одозгора.
3. Ставаме хартија за печење во тавчето каде ќе се печи питата, ја расплескуваме рамномерно основата, од страните оставаме малку повисоко, па го редиме филот од јаболка и декорираме со останатата 1/3 од тестото.
4. Веднаш се пече на 180 степени околу 45 минути.
5. Нека излади, па наросете прав шеќер.

Ова е мојот начин како ја направив оваа превкусна пита, има слични рецепти каде јаболката ги ставаат живи (рендани или сецкани на тенки парчиња) исто така одозгора можете да ја декорирате само со ленти, или целото тесто расплескано рамномерно насекаде...а можете и да го изрендате тестото (само претходно да постои 10на минути во фрижидер) По желба можете да додадете и ореви во филот.
Забелешка - Во дел од тестото за одозгора додадов какао.