Испечати

Чоколадна роденденска торта

Чоколадна роденденска торта

Состојки

  • За подлога
  • 300гр Бисквити (мелени)
  • 120мл Сок од портокал
  • 150гр Маргарин (стопен)
  • 2г.л. Прав шеќер
  • Прв ред
  • 300мл Слатка павлака
  • 300гр Чоколадо (за готвење)
  • 50гр Лешници (мелени)
  • Втор ред
  • 200мл Слатка павлака
  • 200гр Чоколадо (млечно-црно)
  • 50гр Бисквити (мелени)
  • Трет ред
  • 200мл Слатка павлака
  • 200гр Чоколадо (млечно)

Подготовка

Оваа роденденска торта ја направив со повод, односно за роденденот на мојот сопруг. Првпат ја правам, ама сигурно не и последен...преубаво чоколадно задоволство.

Подготовката е следна

1. Прво ја правиме подлогата, со соединување на наведените состојки, и веднаш ја расплесуваме рамномерно во округли калап со обрач на кој претходно ставаме хартија за печење (оставаме во обичен фрижидер )
2. Го приготвуваме првиот ред. Ја затоплуваме слатката павлака (без да зоврие) го додаваме чоколадото, мешаме додека да се стопи, тргаме од огин и ги додаваме лешниците. Оваа смеса ја ставаме врз подлогата и ја оставаме во замрзнувач пола час.
3. Го приготвуваме вториот ред. На потполно ист начин како првиот ред, само тука додаваме мелени бисквити. Оваа смеса ја ставаме врз првиот ред, оставаме во замрзнувач пола час.
4. Најзгора ставаме ганаж од млечно чоколадо. Јас ставив 1 бело, 1 црно ) и слатка павлака. Се стоплува павлаката, се додава чоколадото, мешаме додека да се стопи и ставаме врз вториот ред.
5. Се остава неколку часа во обичен фрижидер да се стегне, па го вадиме обрачот и сечеме.
6. Декорираме по желба. Јас со изматена слатка павлака плус какао и чоко топчиња.

Забелешка - јас употребив калап број 26