Гратинирани макарони со зеленчук и сланина
Состојки
- 300-350гр ситни макарони
- вода и сол за варење
- прелив
- 250гр свежо сирење
- 1лажиче сол
- 1/4лажиче свежо мелен бибер
- 2 јајца
- 100мл јогурт
- 100мл кисела павлака
- 4-5 ленти чадена сланина
- 1/2 лута, црвена пиперка
- 5-6 листови блитва
- свежи магдонос и босилек
- шери домати
Подготовка
Навидум едноставен ручек, но многу вкусен, колоритен и заситен.
Топла препорака од мене да го подготвите.
Прво во касерола налеваме вода и додаваме сол.
Од кога ќе зоврие водата ги додаваме макароните да се варат, но 1 минута пократко од она што пишува на упатството.
Во мала тава ставаме неколку капки масло, па ги додаваме сецканта лута црвена пиперка и сецканата сланина.
Запржуваме само 2-3 минути, колку да ги пуштат своите ароми.
Оставаме на страна да се излади.
Сега во еден сад ги соединуваме јајцата, свежото сирење, сол, бибер, јогурт, кисела павлака.
Промешуваме , па додаваме изладени и испржени , пиперка и сланина, исецкани босилек, магдонос, исецкани( одстранети бели делови) листови блитва.
Убаво соединуваме.
Сварената и малку подизладена тестенина ја спојуваме со претходно подготвениот млечен крем, во кој се додадени зеленчуците и сланината.
Убаво промешуваме
смесата ја истураме во ростер тава.
На површината редиме парченца шери домати.
Печиме во загреана релна на 180 с, предлагам максимум 25 минути, со цел да не бидат пресушени тестенините.
Сервираме топло, со чаша бело вино
на здравје