Испечати

Брзи панцероти од рерна

Брзи панцероти од рерна

Состојки

  • 200 мл топло млеко
  • 100 мл топла вода
  • 100 мл масло
  • 1 кесичка сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1 1/2 лажичка сол
  • 500 гр брашно
  • 1 јајце за премачкување и сусам
  • Фил
  • 10 тркалца моцарела
  • сувомеснато по избор
  • оригано и доматен сос

Подготовка

Ова се најдобрите и најмеките панцероти од рерна од сите кои досега сум ги правела.Голем плус е што се прават многу брзо.
Во длабок сад ги ставаме топлото млеко и вода и шеќерот.Го додаваме квасецот и убаво мешаме да се растопи квасецот.
Потоа го додаваме брашното со солта и на крај маслото.Замесуваме мазно и меко тесто кое го оставаме да надојде десетина минути и потоа ги правиме панцеротите.
Од тестото сучиме кора дебела околу 7 мм и со чинија вадиме кругови со дијаметар околу 12-13 цм.Од тестото меѓу круговите повторно сучиме кора и повторно вадиме кругови.Кај мене излегоа 10 панцероти.
Секоја панцерота ја мачкаме со кечап,ја наросуваме со оригано,ставаме сувомеснато по избор и парче моцарела.Ја превиткуваме на половина ги лепиме краевите и ги шараме со вилушка.
Формираните панцероти ги мачкаме со разматено јајце и ги наросуваме со сусам.
Печеме во загреана рерна на 200 степени,околу 20 минути.
На здравје!